Епидемиолошка состојба

Уште десет лица ја загубија битката со ковид, 813 позитивни тестови на вирусот

Од направени  5.165 тестови регистрирани се 813 нови случаи на ковид-19, од тоа само во Скопје 549 лица се заразени со вирусот. Во последните 24 часа починаа шест лица болни од ковид-19, а во денешниот биланс се заведени уште четири смртни случаи на лица кои битката со болеста ја загубиле во декември. Бројот на активни случаи во Македонија се искачи на над 10 илјади.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од: Скопје – 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Виница и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 - 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.

Направени се 5.165 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-323, Авицена-125, Биотек-278, Систина-160, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-47, Генеа-0, Никоб Лаб-664, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-48, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.702.

Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 10.4670, Активни 6.212
Куманово 13.388, Активни 259
Тетово 11.535, Активни 113
Прилеп 11.292, Активни 535
Битола 10.117, Активни 876
Гостивар 8.189, Активни 107
Кавадарци 7.728, Активни 317
Велес 7.653, Активни 159
Охрид 7.128, Активни 392
Штип 6.925, Активни 176
Струмица 6.463, Активни 192
Кичево 4.418, Активни 98
Кочани 4.189, Активни 85
Струга 4.005, Активни 73
Гевгелија 3.102, Активни 167
Неготино 2.711, Активни 68
Свети Николе 2.179, Активни 26
Крива Паланка 2.005, Активни 49
Ресен 1.972, Активни 96
Радовиш 1.864, Активни 59
Делчево 1.509, Активни 44
Берово 1.495, Активни 15
Дебар 1.467, Активни 9
Виница 1.198, Активни 19
Пробиштип 1.173, Активни 31
Валандово 1.086, Активни 49
Кратово 797, Активни 8
Богданци 712, Активни 29
Демир Хисар 665, Активни 24
Крушево 653, Активни 49
Македонски Брод 564, Активни 21
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 433, Активни 5
Пехчево 366, Активни 7
Дојран 186, Активни 7

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе