За 24 часа направени се 997 тестирања

Уште 92 нови случаи на ковид-19, 86 оздравени и тројца починати

Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и во Неготино-1. Оздравени се 86 пациенти, а починаа тројца, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од кои од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и Делчево-3.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090,  бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати се 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.114, активни 754

• Куманово 1.539, активни 262

• Дебар 260, активни 28

• Штип 1.182, активни 106

• Прилеп 520, активни 152

• Тетово 1.251, активни 124

• Струга 595, активни 65

• Велес 278, активни 26

• Битола 225, активни 42

• Охрид 360, активни 45

• Кавадарци 190, активни 51

• Гостивар 822, активни 136

• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 82, активни 30

• Крива Паланка 60, активни 20

• Радовиш 45, активни 6

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 160, активни 33

• Пробиштип 89, активни 17

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 77, активни 10

• Пехчево 38, активни 31

• Берово 68, активни 46

• Валандово 9, активни 2

• Виница 81, активни 28

• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 22, активни 6

• Свети Николе 302, активни 46

• Кичево 286, активни 47

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 997 теста се преку: ИЈЗ-396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-236,  Биотек-137, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со ПЦР метода -110, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-6, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  2 деца и 1  мајка позитивни на ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Аеродром - 112

• Чаир – 85

• Гази Баба – 82

• Карпош – 82

• Кисела Вода – 80

• Центар – 76

• Бутел - 52

• Ѓорче Петров – 43

• Шуто Оризари – 31

• Студеничани – 24

• Сарај – 20

• Арачиново – 14

• Илинден – 12

• Сопиште – 7

• Петровец – 7

• Чучер Сандево – 3

• Зелениково - 2

• Странец – 8

• Нераспределен-14

 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе