24-часовен билтен

Уште 525 нови случаи на ковид-19, пријавени се 18 починати, од нив 6 во изминатите 30 дена

Од направените 3.858 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 525 нови случаи на ковид-19 или 14 отсто од тестираните, оздравени се 449 пациенти, а пријавени се 18 починати од кои 6 починале претходно, во периодот од 22 август до 19 септември, информира Министерството за здравство. 

И во последната ковид-статистика најмногу од новите случаи се во

Скопје – 268, а потоа следуваат Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, во Велес и Свети Николе по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, во Прилеп и Кочани по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, во Тетово и Радовиш по 4, Неготино – 3, во Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по 2, а во Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Регистрираните 449 оздравени пациенти се од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, од Велес и Свети Николе по 10, од Битола и Кочани по 9, од Прилеп, Тетово и Радовиш по 7, од Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по 5, Богданци – 4, од Кратово и Виница по 2 и од Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38г) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.

Направените 3.858 тестови се преку: ИЈЗ-236, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–58, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–301, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Авицена-172, Биотек-289, Систина-84, лабораторија Лаор-131, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа-6, Никоб лаб-447, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-82, Ројал Медика –10,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.525. Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на  ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно):

Скопје 82.180, Активни 5.714

Куманово 11.198, Активни 937

Тетово 10.781, Активни 951

Прилеп 8.973, Активни 297

Гостивар 7.945, Активни 497

Битола 7.012, Активни 271

Велес 6.114, Активни 311

Охрид 5.880, Активни 491

Кавадарци 5.809, Активни 213

Струмица 5.670, Активни 322

Штип 5.636, Активни 246

Кичево 3.917, Активни 411

Струга 3.773, Активни 364

Кочани 3.178, Активни 133

Гевгелија 2.382, Активни 81

Неготино 2.304, Активни 45

Свети Николе 1.862, Активни 117

Ресен 1.524, Активни 104

Радовиш 1.496, Активни 109

Дебар 1.445, Активни 123

Крива Паланка 1.388, Активни 78

Берово 1.205, Активни 35

Делчево 1.113, Активни 66

Виница 1.018, Активни 51

Пробиштип 904, Активни 45

Валандово 802, Активни 36

Богданци 544, Активни 12

Кратово 543, Активни 51

Крушево 518, Активни 14

Македонски Брод 463 31

Демир Хисар 431, Активни 19

Демир Капија 408, Активни 6

Пехчево 310, Активни 6

Македонска Каменица 294, Активни 19

Дојран 139, Активни 1

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе