Дневна статистика на Министерството за здравство

Уште 37 починати од ковид-19, мал број нови случаи од мал број тестови

Од направени 808 тестови регистрирани се 86 нови случаи на позитивни лица на коронавирусот. Во последните 24 часа регистрирани се 37 починати лица како резултат на компликации од болеста, oс нив четворица починале во домашни услови на лекување.

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија - по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.

Регистрирани се 856 оздравени пациенти од:

Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48г, 61г , 61, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), 5 лица од Охрид(55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по 4 лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и Кавадарци (71г, 73г, 76г и 78г), по 3 лица од Куманово (65г, 76г и 84г) и Тетово(73г, 76г и 80г), од Прилеп 2 лица (53г и 54г) и по едно починато лице од Велес (61г), Струмица (64г), Струга (60г), Делчево (69г), и Валандово(71г). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.

Направени се 808 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 0, Судска медицина - 0, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември - 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ - 49, Жан Митрев (Филип Втори) - 124, Авицена -0, Биотек - 108, Систина - 163, лабораторија Лаор - 0, Синлаб - 0, Ремедика - 0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250.

Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 6.6635, активни 7.267
Куманово 8.372, активни 1.111
Прилеп 8.098, активни 807
Тетово 7.040, активни 591
Битола 6.034, активни 1.060
Велес 5.338, активни 570
Гостивар 5.080, активни 389
Кавадарци 5.069, активни 403
Штип 4.855, активни 416
Охрид 4.848, активни 475
Струмица 3.940, активни 542
Струга 2.912, активни 150
Кочани 2.677, активни 264
Кичево 2.423, активни 283
Гевгелија 2.161, активни 277
Неготино 2.133, активни 198
Свети Николе 1.468, активни 122
Крива Паланка 1.199, активни 64
Ресен 1.198, активни 206
Радовиш 1.075, активни 119
Берово 1.000, активни 59
Делчево 942, активни 93
Дебар 927, активни 48
Виница 784, активни 114
Пробиштип 767, активни 31
Валандово 653, активни 66
Богданци 483, активни 63
Крушево 470, активни 90
Демир Капија 392, активни 30
Демир Хисар 376, активни 60
Кратово 352, активни 10
Македонски Брод 352, активни 25
Пехчево 259, активни 20
Македонска Каменица 228, активни 13
Дојран 132, активни 13

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе