24-часовен биланс

Уште 35 починати од ковид-19 и 1.320 нови случаи од 4.738 тестирања

Нови 1.320 случаи на ковид-19 се регистрирани од направени 4.738 тестирања во последните 24 часа. Регистрирани се 541 оздравен пациент, а починаа 35 лица од кои 16 во Скопје, информира Министерството за здравство.

Регистрираните 1.320 нови случаи се во Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, во Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово - 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, во Радовиш и Берово по 10, во Свети Николе и Крива Паланка по 9, во Ресен, Виница и Богданци по 7, во Делчево, Валандово и Крушево по 6, Демир Капија – 5, во Пробиштип, Кратово и Пехчево по 4 и во Македонски Брод и Дојран по 1.

Регистрирани се 514 оздравени пациенти од Скопје - 267, Прилеп – 35, Куманово - 31, Велес – 26, Битола – 18, Кавадарци – 16, од Гостивар и Струмица по 14, од Тетово и Кочани по 13, Валандово – 12, Неготино – 11, Гевгелија – 9, Штип и Ресен – по 8, Демир Капија – 4, од Свети Николе, Пробиштип и Виница по 3, Берово – 2, а од Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран по 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г, 87г, 82г, 79г, 76г, 72г, 70г, 69г, 69г, 68г, 68г, 65г, 64г, 62, 57, 54), 4 пациенти од Битола (78г, 68г, 65г, 63г), 3 пациенти од Струмица (80г, 64г, 62г), по 2 пациенти од Кочани (71г, 62г) и Прилеп (84г, 69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Сите 35 лица се починати во болнички услови.

Направените се 4.738 тестови преку: ИЈЗ-889, ЦЈЗ Скопје-120, ЦЈЗ Битола-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-248, Авицена-366, Биотек-431, Систина-305, лабораторија Лаор–429, Синлаб-160, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1520. Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 56.403, активни 9.159

Прилеп 6.846, активни 1.030

Куманово 6.625, активни 780

Тетово 6.198, активни 558

Гостивар 4.436, активни 458

Кавадарци 4.338, активни 722

Велес 4.336, активни 659

Битола 4.235, активни 636

Штип 4.171, активни 413

Охрид 4.025, активни 707

Струмица 3.180, активни 314

Струга 2.633, активни 198

Кочани 2.189, активни 225

Кичево 1.957, активни 153

Неготино 1.875, активни 432

Гевгелија 1.765, активни 384

Свети Николе 1.243, активни 111

Крива Паланка 1.046, активни 113

Ресен 976, активни 151

Радовиш 877, активни 111

Дебар 835, активни 40

Делчево 834, активни 98

Берово 811, активни 114

Пробиштип 672, активни 92

Виница 587, активни 54

Валандово 493, активни 76

Крушево 430, активни 138

Богданци 397, активни 79

Демир Капија 347, активни 80

Кратово 326, активни 31

Демир Хисар 322, активни 48

Македонски Брод 292, активни 37

Пехчево 224, активни 28

Македонска Каменица 198, активни 5

Дојран 108, активни 9

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе