Во последните 24 часа

Уште 31 лице ја загубија битката со ковид-19, нови 908 позитивни на вирусот

Од направени 3.616 тестирања, регистрирани се 908 случаи на позитивни на коронавирусот. Битката со болеста ја загубија уште 31 лице. Битола и натаму има голем раст на заболени и со активни 1.307 случаи е зад Скопје каде што има 9.056 случаи на зараза во тек. Во земјава во моментов има над 20.082 активни случаи, а вкупно од почетокот на епидемијата регистрирано е дека заразени со вирусот се 145.909 лица.

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип - 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово - 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево - 19, Кочани - 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани се 732 оздравени пациенти од:

Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија - 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница - 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово - 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 31 починати лица: 11 од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г). Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 3.616 тестови преку: ИЈЗ - 565, ЦЈЗ Скопје - 81, ЦЈЗ Битола - 105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 4, Судска медицина - 7, лабораторија болница Козле - 11, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември - 21, Институт за микробиологија – 75, МАНУ - 121, Жан Митрев (Филип Втори) - 140, Авицена - 418, Биотек - 287, Систина - 230, лабораторија Лаор - 288, Синлаб - 50, Ремедика - 30, Плодност – 64, Генеа – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.108.

Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 64.860, активни 9.056
Куманово 7.941, активни 1.253
Прилеп 7.831, активни 1.004
Тетово 6.859, активни 686
Битола 5.648, активни 1.307
Велес 5.167, активни 766
Гостивар 4.962, активни 490
Кавадарци 4.947, активни 573
Штип 4.702, активни 470
Охрид 4.679, активни 867
Струмица 3.745, активни 567
Струга 2.851, активни 266
Кочани 2.572, активни 327
Кичево 2.321, активни 317
Неготино 2.102, активни 269
Гевгелија 2.094, активни 355
Свети Николе 1.414, активни 149
Крива Паланка 1.171, активни 95
Ресен 1.162, активни 229
Радовиш 1.034, активни 138
Берово 961, активни 81
Делчево 916, активни 87
Дебар 904, активни 64
Пробиштип 754, активни 64
Виница 732, активни 119
Валандово 627, активни 102
Крушево 455, активни 100
Богданци 459, активни 70
Демир Капија 392, активни 47
Демир Хисар 357, активни 56
Кратово 350, активни 25
Македонски Брод 343, активни 35
Пехчево 246, активни 17
Македонска Каменица 220, активни 11
Дојран 131, активни 20

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе