Од направени 1.350 тестирања

Уште 191 нов случај на ковид-19 за 24 часа, три лица починаа

Од направени 1.350 тестирања во последните 24 часа се регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2 и во Неготино-1. Оздравени се 77 пациенти, а починаа тројца. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од кои од Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, и од Свети Николе-1. 

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81), од Кичево (67) и од Струга (77).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.693. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.386, активни 966

• Куманово 1.799, активни 181

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1.280, активни 62

• Прилеп 722, активни 147

• Тетово 1.487, активни 161

• Струга 685, активни 43

• Велес 338, активни 32

• Битола 331, активни 76

• Охрид 437, активни 32

• Кавадарци 252, активни 47

• Гостивар 947, активни 84

• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 298, активни 181

• Крива Паланка 124, активни 38

• Радовиш 101, активни 37

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 417, активни 183

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 5

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 126, активни 48

• Валандово 46, активни 31

• Виница 124, активни 35

• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 59

• Кичево 334, активни 35

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358,  Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со ПЦР метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на ковид -19.  

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, како и 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе