Министерство за здравство

Уште 18 починати и 329 нови случаи на ковид-19, оздравени се 200 пациенти

Во изминатите 24 часа се направени 3.045 тестирања и регистрирани се 329 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 200 пациенти, а пријавени се 13 починати лица на возраст од 57 до 91 година. Дополнително пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година, на возраст од 49 до 86 години, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, во Tетово, Пробиштип и Кочани по 8, Битола – 7, во Кочани и Гевгелија по 5, Свети Николе - 3, во Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар по 2, Кавадарци и во Виница, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 103,Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, од Велес и Прилеп по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, од Кочани и Свети Николе по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, од Радовиш, Кратово и Богданци по 2, а од Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г, 69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г), Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови. 

Направените 3.045 тестови се преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–303, Жан Митрев (Филип Втори)-47,Авицена-110, Биотек-134, Систина-45, лабораторија Лаор-258, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-3,Никоб лаб-238, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-35, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.335. Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе