Лос Анџелес Лејкерс беа на прагот да направат брејк, создадоа голема предност, во текот на третиот период водеа со 68-48, но успеаа да го прокоцкаат високото водство и на крајот да загубат.
Беше 99-99, Лејкерс имаше напад, Леброн промаши отворен шут за тројка, а во последниот напад Мареј погоди за победа на Денвер од 101-99.
WHAT A BUCKET. THIS IS JAMAL MURRAY EVERYONE. 🏹 pic.twitter.com/xfihf0lXAe
— Denver Nuggets (@nuggets) April 23, 2024
Никола Јокиќ одигра фантастична партија, направи трипл-дабл со 27 поени, 20 скокови и 10 асистенции, Портер постигна 22 поени, Мареј имаше 20. Во составот на Лејкерс најдобар беше Ентони Дејвис со 32 поени и 11 скокови, Леброн Џејмс реализираше 26 поени и 12 асистенции.
Со оваа победа Денвер поведе со 2-0, следните два меча од серијата се играат во Лос Анџелес.
Резултати:
Кливленд – Орландо 96-86 (2-0)
Њујорк – Филаделфија 104-101 (2-0)
Денвер – ЛА Лејкерс 101-99 (2-0)