Направени се 1.470 тестирања за 24 часа

Уште 168 нови заболени од ковид-19, тројца починати и 70 оздравени

Во последните 24 часа во земјава се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19. Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар, а Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

Новите регистрирани случаи се во Скопје 83, Куманово 8, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 26,  Струга 5, Битола 2, Охрид 8, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 4, Кичево 6 и во Ресен 1.

Што се однесува до оздравените пациенти, најголем број се од Скопје 48, потоа од Тетово 18 и по еден од Велес, Гостивар, Кочани и од Ресен.
Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 Септември" почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.656, активни 1.928
• Куманово 818, активни 179
• Дебар 120, активни 67
• Штип 411, активни 166
• Прилеп 289, активни 58
• Тетово 831, активни 351
• Струга 288, активни 187
• Велес 198, активни 36
• Битола 65, активни 24
• Охрид 218, активни 189
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 188, активни 115
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 18, активни 12
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 8, активни 4
• Кочани 76, активни 17
• Пробиштип 30, активни 19
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 7, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 58, активни 51
• Кичево 58, активни 49
• Ресен 129, активни 88
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 360
• Аеродром – 166
• Бутел – 156
• Гази Баба – 210
• Центар – 156
• Карпош – 153
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 111
• Студеничани – 121
• Шуто Оризари – 89
• Арачиново – 46
• Илинден – 34
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 7
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 11

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе