Дебар и Демир Капија немаат активни случаи

Уште 16 лица починаа од ковид-19, 327 се новозаразени

Во изминатите 24 часа се направени 2.740 тестирања, од кои се регистрирани 327 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 325 пациенти, а починаа 12 лица на возраст од 40 до 86 години. Дополнително се пријавени уште 4 лица кои починале во претходен период, а се на возраст од 57 до 88 години. 

Според податоците од Министерството за здравство, новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5, Кичево и Ресен по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2 и во Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод по 1.

Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од кои од Скопје – 171, Кавадарци – 28, Прилеп – 25, Битола – 18, Куманово – 13, Кочани – 9, Радовиш – 8, Тетово и Штип по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар по 5, Велес и Кичево по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово по 2, а од Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци  (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1) и се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Направените 2.740 тестови се преку: ИЈЗ-253, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-24, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–125, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-132, Биотек-146, Систина-78, лабораторија Лаор-82, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност–26, Генеа-9, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-39, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.140.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 96.760, Активни 2.605

Куманово 13.045, Активни 152

Тетово 11.393, Активни 86

Прилеп 10.567, Активни 360

Битола 9.040, Активни 433

Гостивар 8.082, Активни 20

Велес 7.426, Активни 168

Кавадарци 7.275, Активни 261

Штип 6.686, Активни 105

Охрид 6.650, Активни 227

Струмица 6.212, Активни 129

Кичево 4.283, Активни 75

Кочани 4.077, Активни 76

Струга 3.917, Активни 28

Гевгелија 2.869, Активни 96

Неготино 2.609, Активни 51

Свети Николе 2.149, Активни 51

Крива Паланка 1.936, Активни 60

Ресен 1.791, Активни 51

Радовиш 1.786, Активни 52

Берово 1.472, Активни 32

Дебар 1.456, Активни 0

Делчево 1.445, Активни 71

Виница 1.169, Активни 15

Пробиштип 1.133, Активни 22

Валандово 994, Активни 57

Кратово 785, Активни 18

Богданци 663, Активни 31

Демир Хисар 628, Активни 29

Крушево 601, Активни 25

Македонски Брод 516, Активни 17

Македонска Каменица 426, Активни 24

Демир Капија 426, Активни 0

Пехчево 355, Активни 5

Дојран 172, Активни 5

 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе