24-часовен биланс

Уште 135 нови случаи на ковид-19, починаа 14 лица, половината од Скопје

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, односно позитивни се 6,8 отсто од тестираните. Оздравени се 298 пациенти, а починаа 14 лица на возраст од 47 до 85 години, од кои половината се од Скопје.

Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, во Прилеп, Тетово и Струмица по 5, во Охрид и Пробиштип по 3, во Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш по 2 и во Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево по 1.

Оздравени се 298 пациенти и тоа од Скопје – 119, Куманово – 31,Битола – 30, Штип – 16, Струмица – 14, Велес – 13, Кочани – 11, Кичево – 9, Охрид – 8, од Тетово и Виница по 5, од Гостивар, Струга, Свети Николе и Ресен по 4, од Радовиш, Валандово, Богданци и Демир Хисар по 3, од Гевгелија и Пехчево по 2, а од Крива Паланка, Берово, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица од кои 7 од Скопје (47г, 64г, 69г, 71г, 72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г, 71г и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г). Сите 14 лица се починати во болнички услови.

Направените 1.993 тестови се преку: ИЈЗ-244, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–149, МАНУ-48, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-228, Биотек-238, Систина-177, лабораторија Лаор-174, Синлаб-14, Ремедика-0, Плодност–76, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 369. Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: зболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 67.955, активни 5.047

Куманово 8.714, активни 877

Прилеп 8.242, активни 449

Тетово 7.177, активни 447

Битола 6.229, активни 701

Велес 5.446, активни 371

Гостивар 5.146, активни 282

Кавадарци 5.136, активни 222

Охрид 4.962, активни 401

Штип 4.937, активни 237

Струмица 4.078, активни 216

Струга 2.963, активни 137

Кочани 2.756, активни 145

Кичево 2.513, активни 231

Гевгелија 2.185, активни 162

Неготино 2.173, активни 133

Свети Николе 1.512, активни 99

Ресен 1.224, активни 176

Крива Паланка 1.216, активни 46

Радовиш 1.114, активни 89

Берово 1.024, активни 25

Делчево 959, активни 68

Дебар 935, активни 25

Виница 857, активни 117

Пробиштип 782, активни 23

Валандово 664, активни 16

Богданци 494, активни 39

Крушево 490, активни 73

Демир Капија 396, активни 15

Демир Хисар 394, активни 57

Кратово 361, активни 9

Македонски Брод 356, активни 4

Пехчево 265, активни 12

Македонска Каменица 239, активни 16

Дојран 132, активни 4

 

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе