Од направени 4.323 тестирања

Уште 13 починати од ковид-19, регистрирани 528 нови случаи

Од направени 4.323 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19, оздравеле 327 пациенти, а починале 7 лица. Дополнително се пријавени уште 6 лица кои починале во претходен период, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, во Струмица и Гевгелија по 10, Крива Паланка и Пробиштип по 9, Кратово и Демир Хисар по 7, Тетово, Ресен и Валандово по 6, Гостивар и Неготино по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по 2, и во Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по 1.

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од кои од Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка 7, Гевгелија, Валандово и Кичево по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш по 3, Неготино и Крушево по 2, а од Кратово и Гостивар по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Сите починале во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Направените 4.323 тестови се преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–312, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-165, Биотек-255, Систина-72, лабораторија Лаор-237, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–51, Генеа-6, Никоб лаб-366, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-50, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.919. Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 91.300, активни 3.859

Куманово 12.622, активни 367

Тетово 11.211, активни 211

Прилеп 9.851, активни 435

Битола 8.056, активни 650

Гостивар 8.043, активни 49

Велес 7.068, активни 368

Кавадарци 6.644, активни 377

Штип 6.415, активни 273

Охрид 6.276, активни 228

Струмица 5.974, активни 113

Кичево 4.183, активни 106

Струга 3.868, активни 53

Кочани 3.797, активни 246

Гевгелија 2.674, активни 145

Неготино 2.484, активни 89

Свети Николе 2.065, активни 79

Крива Паланка 1.790, активни 171

Радовиш 1.671, активни 83

Ресен 1.650, активни 89

Дебар 1.453, активни 3

Берово 1.314, активни 64

Делчево 1.269, активни 114

Виница 1.122, активни 47

Пробиштип 1.090, активни 67

Валандово 877, активни 22

Кратово 716, активни 72

Богданци 611, активни 30

Крушево 572, активни 25

Демир Хисар 554, активни 79

Македонски Брод 483, активни 6

Демир Капија 417, активни 8

Македонска Каменица 386, активни 55

Пехчево 331, активни 8

Дојран 155, активни 9

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе