Учениците од Македонија се вратија со 6 медали од Меѓународната јуниорска олимпијада во Дубаи

Шест ученици од македонските средни училишта од Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи се вратија со медали, информираат од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Олимпијадата се одржа од 12 до 21 декември во хибриден модел (еден лидер присуствуваше на местото на одржување, додека ученици ги решаваа проблемите на далечина - на Природно математичкиот факултет во Скопје).

На оваа олимпијада од Македонија учествуваа 6 ученици, при што сите 6 ученици освоија медали: Алексиј Тасиќ, ученик во прва година, (ПСУ Јахај Кемал, Скопје) освое сребрен медал, а бронзени медали освоија Иван Костевски, ученик во прва година (УСО Славчо Стојменски, Штип), Андреј Стојановски, ученик во прва година, (ПСУ Јахај Кемал, Скопје),

Марио Ванчоски, ученик во прва година, (УСО Славчо Стојменски, Штип), Матеа Митревска, ученичка во прва година (ПСУ Јахај Кемал, Скопје) и Теона Ана Георгиевска, ученичка во деветто одделение (ООУ Љубен Лапе, Аеродром, Скопје).

Ваквиот успех е продолжување на традицијата на освојување на медали на оваа олимпијада. На последната олимпијада која се одржа во Доха Катар во 2019 година учениците од Македонија освоија 5 медали.

Во подготовката на учениците покрај лидерите на тимот учествуваа и голем број членови на трите друштва - вработени на Институтите за Физика, хемија и биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Подготовките на учениците за теориските и експерименталните делови од натпреварот се одвиваа во периодот од септември до декември 2021 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На оваа олимпијада учествуваа 360 ученици од 59 држави од сите континети, при што учениците решаваа теориски и експериментални проблеми од  физика, хемија и биологија.

Учениците кои ја преставуваа Македонија беа одбрани по завршувањето на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, по што најдобрите беа одбрани преку два селекциски натпревари кои се одржаа во јули и септември.

ДФРМ, СХТМ и МБД се заблагодарат на сите кои ја подржуваат и следат работата на трите друштва со младите таленти од Македонија, на деканот на Природно-математичкиот факултет проф.д-р Александар Скепаровски за дадената можност подготовките и натпреварот да се одржуваат на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт кои финансиски го подржаа учеството на олимпијадата, на Царината на Македонија која максимално излезе во пресрет учениците навреме да ја добијат испратената експериментална опрема од организаторот, соопшти ДФРМ.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе