Национален натпревар во организација на Џуниор ачивмент

Ученици од „Никола Карев“ го освоија првото место на натпревар на ученички компании

На Националниот натпревар на ученички компании, на кој учествуваа 23 ученички тимови (компании) од 14 средни училишта од земјава, првото место го освои компанијата „LifePal" (ЛајвПал) од гимназијата „Никола Карев" од Скопје, која нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација. Тимот од оваа гимназија ќе ја претставува земјата на Европски натпревар на ученички компании во Литванија.

Ученичката компанија од скопската гимназија „Никола Карев“ како решение за непредевидливите ситуации нуди неопходни сетови, мали пакетчиња составени од по неколку производи како на пример сет за прва помош, влошки за девојките, козметички сет за девојки, односно момчиња и слично, кои ќе бидат лесно достапни преку поставени вендинг машини. Наставник-ментор на ученичкиот проект е професорката по социологија Валентина Панџарова, а во тимот се учениците Јована Јосифовски, Анастасија Димитрова, Анастасија Серафимовска, Мила Ќурчиска и Јана Иванова.

Ученичката компанија “LifePal“ од „Никола Карев“ ќе ја претставува Македонија на европскиот натпревар на ученички компании во Литванија во организација на Џуниор ачивмент Европа и Џуниор ачивмент Литванија.

 Bторото место го освои ученичката компанија „TechBook"од гимназијата „Јосип Броз Тито" од Скопје, која понуди смарт тетратка и веб страна, додека третото место го освои ученичката компанија „Grow Green" од СУГС Кочо Рацин од Скопје, која разви идеја за еко кафетерија, чии производи се биоразградливи и еколошки.

Организаторот на натпреварот оваа година додели и награда за најдобра презентација на производот или услугата преку социјалните мрежи, на ученичката компанија „Health Activity Providers" од ССОУ „Димитрија Чуповски" од Велес. За посветеноста во работењето во програмата беа доделени и наградите за најдобар наставник на Снежана Бошковска од гимназијата „Никола Карев" од Скопје и најпретприемничко училиште – СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу" од Прилеп. За прв пат, Џуниор Ачивмент Македонија додели и награда за најдобар есеј за етичка дилема во бизнис на ученикот Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен". 

Министерката за образование и наука Мила Царовска која присуствуваше на настанот изјави: „Ова е еден од моментите низ кои се гледа дека Северна Македонија има голем кадровски потенцијал. Во државата има млади кои се гарант за нејзина добра иднина и тие треба да бидат поддржани, нивниот труд и желба за развој да бидат стимулирани. А како институции на системот во соработка со граѓанскиот сектор, но и нашите меѓународни партнери кои работат на остварување на глобалните цели за одржлив развој, токму тоа и го правиме".

Во соопштението од Министерството се додава дека Царовска оцени дека младите сакаат предизвици, сакаат да стекнуваат знаења, особено од областа на претприемништвото и потоа истите да ги искористат паметно за создавање на креативни бизнис идеи и идеи за иновации.

„Остварувањето пак на тие идеи, всушност значи исполнување на големи детски соништа и создавање на идни креатори и двигатели на процесите и позитивните промени во општеството“, рече министерката.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе