МОН најавува

Учебниците ќе се дигитализираат и ќе може лесно да се менува содржината

Реакциите дека во училиштата се применуваат парталави учебници со застарена и несоодветна содржина, со технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација од идната учебна година ќе почнат да стануваат минато со етапна замена на материјалите за учење. По усвојувањето на новата Концепција за основно образование и изработката на новите наставни програми, се воведува и современа дидактика со цел подобар квалитетот на воспитно – образовниот процес и дигитализација на наставата, наведува Министерството за образование.

На предлог на МОН, се додава во соопштението, Владата усвои целосно нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се менува начинот на изработка и одобрување на материјалите за учење, се елиминираат грешките од сите аспекти, а воедно фокусот е ставен и на дигитализацијата, односно на обезбедување на други форми на достапност, покрај хартиената верзија на учебниците.

„Отсега, учебници ќе се пишуваат на јазик кој е разбирлив и соодветен на возраста на учениците. За да нема грешки во содржината, како и за додавање на теми кои недостасувале досега, а се поврзани со родовата еднаквост, мултикултурализмот, почитувањето на различностите и слично, се поставуваат повеќе филтри во текот на целиот процес на изработка на учебниците кој ќе се спроведува транспарентно и без можности за склучување на ексклузивни договори со одредени издавачи куќи или автори“, нагласува МОН.

Оттаму велат дека дигитализацијата на учебниците дозволува тие да се ревидираат секоја година пред почетокот на учебната година, за да нема застарени податоци и содржини кои не соодветствуваат на реалноста и додаваат дека ова е клучна промена и придобивка со која се обезбедуваат современи дидактички средства кои се прилагодуваат на брзите општествени промени и трендови.

Законот предвидува за секој наставен предмет, наместо само еден, да се применуваат најмногу до три учебници. МОН вели дека се работи за светски позната практика на отворени образовни ресурси, преку која се обезбедува автономија на наставниците во изборот на литература, затоа што тие самите на ниво на училишен колектив ќе одлучуваат кој од одобрените учебници по секој предмет ќе се користи во наставата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе