Тројцата пациенти со трансплантиран бубрег во добра здравствена состојба, веќе не одат на дијализа

Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) се тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег. Тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа. Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат, објави Министерството за здравство на официјалниот Фејсбук профил.

„Многу сме горди на тимот од клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот“, наведува Министерството за здравство.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе