УКИМ

Тројца проректори против ректорот: Јанкуловски сака да биде претседател на Сенатот, да ја состави изборната комисија и да биде кандидат за ректор

Ве молиме ректоре, јасно и недвосмислено, конечно да одговорите точно и прецизно, по кој член и по кој закон вие сѐ уште претседавате со Сенатот на Универзитетот, реагираат тројца проректори, проф. д-р Вујица Живковиќ, проректор за настава, проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука и проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, проректор за меѓународна соработка.

Тие велат дека ректорот Никола Јанкуловски со невидена леснотија ги интерпретира и Законот и укажувањата на академската заедница.

„Во ниту еден момент, а за тоа нема ниту причина, намерата на нашите писма не била ништо друго, туку само заштита на законитоста и угледот на Универзитетот. Напротив, вашите деманти и неосновани напади во континуитет, ние ги доживуваме како напад не само на нашата личност, углед и интелигенција, туку и напад и потценување на интелигенцијата на целата академска заедница.

Во вашиот „демант“ вие објаснувате за пошироката јавност дека Сенатот нема никаква врска со изборот на ректор, туку дека гласа академската заедница. Но притоа, намерно пропуштате да ја кажете суштината на проблемот, а таа е следната: точно е дека Сенатот не врши избор на ректор, но кажете дека Сенатот врши избор на комисијата за спроведување на избори, која согласно Законот ги спроведува изборите и е единствена надлежна за утврдување на правилата за избор, а како крајна инстанца и за решавање на евентуалните жалби и сл.

Тоа значи дека изборите се во комплетна надлежност на Универзитетската изборна комисија. Неспроведувајќи го Законот за високото образование (Службен весник на РМ, бр. 82 од 8.05.2018; членовите 161, 162 и 167) и Статутот на Универзитетот (Универзитетски гласник, бр. 425 од 28 јуни 2019; членовите 151 и 212), вие свесно не сакате да изберете претседател на Сенатот. Согласно горенаведените членови, вие не смеете да бидете член на сенатот, да закажувате седници на Сенатот, да претседавате со Сенатот, да гласате и да ги потпишувате одлуките.

Грубо кршејќи го Законот, од неговото донесување на 8 мај 2018 година, вие свесно и намерно правите противправни дејства на Универзитетот, со тоа што не избирате претседател на Сенатот.

Во контекст на прашањето на избор на ректор и спроведување на постапката, не само од законски, туку и од етички причини, недопустливо е вие повторно да се ставите во улога на претседател на Сенатот и да изберете Универзитетска изборна комисија, лично и да ја потпишете одлуката и да дадете мандат да ги состави правилата за избор и да го спроведе изборот, и притоа исто така вие да бидете кандидат за ректор“, се вели во реакцијата на проректорите.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе