Тројца нови починати од коронавирусот и 15 нови случаи на заболени

На Инфективната клиника во Скопје починаа тројца пациенти, и тоа еден од Кочани, 40-годишен маж кој бил хоспитализиран на 29 март и двајца пациенти од Тетово, едниот на 69 години со тумор на мозокот, а другиот на 65 години без познати други заболувања, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, од Клиниката денеска заминуваа 4 оздравени паценти како кои двата контролни теста се негативни, додека во Дебар по два теста се добри резултатите кај три лица кои се на домашно лекување.

Инаку, во последните 24 часа во државата се регистрирани 15 нови случаи на пациенти, од кои 4 се во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и во Штип. Со тоа вкупниот број на заболени во земјата достигна 570 лица. Новозаразените се регистрирани од 202 направени тестови. 

Според податоците што ги изнесе Филипче, до утрово на Инфективната клиника се примени 10 нови пациенти, со што бројот на вкупно хоспитализирани се 70 лица. Осуммина од нив се на респиратор, десет пациенти се со потешка клиничка слика, а останатите со подобра слика. Во билницата 8 Септември вчера се примени 4 пациенти за кои се чека резултат од тестот, а двајца се на респиратор. Во болницата во Битола има само еден хоспитализиран пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти кои беа сместени во Охрид и се од околината на Струга, додека во штипската болница има 4 пациенти, од кои тројца се со лесна клиничка слика.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе