Широко распространет вирус и бавна имунизација

Трнлив патот до колективен имунитет: за 2 месеци во земјава вакцинирани само 2 отсто од населението

Близу 40.000 граѓани досега се вакцинирани против ковид-19. Со оглед дека според последниот попис во Македонија има 2 милиони жители, тоа практично значи дека само 2 отсто од населението се имунизирани со примање вакцина. Ако бројката ја поделиме на дневна основа, тогаш би значело дека на ден вакцина примаат околу 650 граѓани.

Вакцинацијата кај нас почна на 17 февруари со вакцините на Фајзер. Државата доби вакцини од повеќе производители преку систем на солидарност на Србија, која во два наврати испрати 8.000 дози Фајзер и 20.000 дози од вакцината Спутник V. Донација Македонија доби и од Обединетите арапски емирати, во која стасаа 2.000 дози од кинеската вакцина.

Вакцините што Министерството за здравство ги доби преку Ковакс механизмот и се во договор со овој систем се 24.000 дози од вакцината Астразенека. Во директни преговори со Русија како првични количини државава доби 6.000 вакцини од Спутник V.

Во директни преговори со производителот обезбедени се и се очекуваат денеска да пристигнат со ладен синџир 10.000 дози од вакцината на Фајзер, а најавени се уште толку на 26-ти месецов.

Кинеските вакцини според најавите на Министерството за здравство ќе ги добиеме на 28 април, 200.000 дози.

Ако за два месеци вакцина примиле околу 40.000 граѓани, тогаш за една година со ова темпо на вакцинација би требало да има околу 240.000 вакцинирани граѓани. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.

Според неофицијалните информации, до сега во Србија со вакцините на Астразенека се вакцинираа околу 12.000 наши граѓани.

По високите бројки на заразени, кои стигнуваа и до над 1.000 на ден, деновиве таа бројка се намалува, но не се намалува бројката на починати лица, која и денес е висока и изнесува 35.

Во последно време во статистиката на Министерството за здравство има и починати лица на 30- и на 40-годишна возраст. Министерот за здравство Венко Филипче за смртноста на помладите лица кај нас вели дека се работи за болест што е непредвидлива и за која, за жал, и терапијата некаде не помага.

К.Д.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе