Втора жртва на мали сипаници

Тринаесетмесечно бебе од Свети Николе почина од компликации од морбили

Тринаесет месечно бебе почина вчера попладне од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство. Бебето и претходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.

„Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување“, стои во соопштението.

Министерството додава дека вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе