Епидемиолошка состојба

Три лица починаа, 65 новозаразени со коронавирусот

Во последните 24 часа од направени 695 тестови регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19, од кои 14 се реинфекции, а едно лице од Кавадарци на 77 - годишна врозарст почина од последици на болеста. Во регистерот на умрени лица запишани се уште две починати лица во периодот по 15 септември -  од Скопје (86 г.) и Битола (65 г.).

Новите позитивни случаи се регистрирани во следните градови: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица - по 1.

Направени се 695 тестови: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–63, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-18, Биотек-16, Систина-5, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-11, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

 

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе