Процес на имунизација против ковид-19

Трета доза вакцина вчера примиле 5.362 граѓани, но само 748 лица отишле да примат прва доза

Кај веќе вакцинираните граѓани со две дози вакцина и натаму расте интересот да ја примат и третата, засилувачка доза на вакцината против ковид-19. Но, тоа што е битно за создавање на колективен имунитет во земјава е што не се зголемува интересот кај невакцинираните. Вчера само 748 лица решиле да го започнат процесот на имунизација. Македонија останува на европското дно со само 35 отсто од вкупното население кое е вакцинирано со две дози на вакцина.

„Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.

Според најновите податоци на министерството, опфатот со вакцинација со една доза вакцина кај полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Во однос на целата популација, 38% примиле барем една доза вакцина, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе