Процес на имунизација

Трета доза ќе се дава по три месеци за вакцинираните со кинески вакцини

Лицата кои се вакцинирале со кинеските вакцини Синофарм и Синовак ќе можат да се пријават веќе по поминати три месеци од втората доза и да примат трета доза од вакцината „Фајзер“, додека за оние кои се имунизирани со Фајзер, Спутник или Астразенека ќе остане препораката третата, засилувачка доза против ковид-19 да ја примат по шест месеци. Како што дознава МКД.мк ваквиот предлог може многу брзо Комитетот за имунизација да го достави на одлучување до здравствените власти.

Според непотрврдените информации, најголем број од заразените со ковид-19, а вакцинирани со две дози, биле имунизирани со кинески вакцини.

Засега Министерството за здравство во неделните и месечни анализа на бројот на заразени и починати лица кои биле вакцинирани со две дози, не објави и податоци според видот на примените вакцини.

Неодамна микробиологот, професорот Никола Пановски, на фејсбук објави дека во Србија најголем број од новозаразените и починати лица кои биле вакцинирани, имале примено кинески вакцини.

Комисијата за имунизација смета дека за лицата кои ги примиле останатите типови на вакцини треба да остане препораката третата доза да ја примат по шест месеци од примената втора доза. За сите лица кои ќе сакаат да ја примат засилувачката трета доза, ќе бидат давани вакцини на производителот „Фајзер“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе