Хумано семејство донира органи од починат член на семејството

Трансплантирано срце од починато лице, во тек трансплантација и на бубрезите

„Еден млад пациент доби срце, кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите, додека уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива“, информира Министерството за здравство дека едно храбро семејство дало согласност од починат член на семејството да ги донираат органите.

„Едно храбро семејството вчера одлучи да ги донира органите од својот близок кај кого беше потврдена мозочна смрт. По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега“, соопштија од Министерството за здравство.

Од министерстсвото наведоа дека еден млад пациент добил срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти, како што додадоа, во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

„Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“, велат од Министерството за здравство.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе