Тимот „Вин" со бизнис идејата за филтер за прочистување природна вода победник на Кампот за иновации

Тимот „Вин" од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски" од Велес, со понудениот иновативен филтер за прочистување природна вода, наменет при рекреација во природа во ситуација каде нема пристап до вода за пиење е победник на Кампот за иновации.

-„Up-grade" филтерот ги елиминира микробите што се наоѓаат во водата од реката, езерото или дождовната вода и ја прочистува од био-контаминација и бактерии. Иако е примарно наменет за употреба во природа, специјалниот филтер може да се користи и на училиште, работа или во домовите. Циклусот на чистење на водата се активира со едноставно полнење на шишето и протресување, стои во соопштението испратено од тимот.

Информираат дека второто место му припаднало на тимот од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин" од Скопје, со својот повеќенаменски ранец, направен од искористени материјали, а кој вклучува и водоотпорна јакна, филтер на вода и полнач со светилка, напојувана од малиот вграден соларен панел.

Додека пак, Третонаградена била идејата за автомати за рециклирање на стари патики од тимот средношколци од „Владо Тасевски", Скопје. За секој пар оставени стари и износени патики во автоматите, потрошувачите добиваат 10% попуст на спортска опрема во продавниците кои соработуваат со ученичката компанија, а дел од профитот е дониран на социјално загрозени семејства.

На свечената церемонија за доделување награди, кoја што се одржа на денеска, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Ерик Јановски нагласил дека новонаучените вештини, креативноста и решенијата, на учениците ќе им помогнат да станат креативни претприемачи. Истакнал надеж дека искуството, кое го добиле учесниците ќе го искористат да откријат како да придонесат за подобра иднина во заедницата и во државата.

Раководителот во Фондот за иновации и технолошки развој, Катерина Кречева, истакнала дека со ова искуство учениците стекнале вредни знаења за понатаму и дека ќе го понесат овој процес како едно позитивно искуство во својот живот

Во своето обраќање директор на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари, истакнал дека натпреварите на Џуниор Ачивмент Македонија се добар модел каде учесниците ќе научат да решаваат проблеми, да размислуваат креативно и да ги јакнат своите комуникациски, презентациски и лидерски вештини, при што сето ова е клучно за успех во денешната глобална економија.

Кампот на иновации се одржа во периодот од 9 до 23 јуни 2021 година, на кој учествувале 66 ученици, од девет тима од средни училишта од Велес, Виница, Кочани, Струмица и Скопје.

Натпреварот е дел од Проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија.


Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе