Министерство за здравство

Тестирање за коронавирус од денеска и во скопската поликлиника Млин Балкан

Од денеска во функција е уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан, со што граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Од минатата недела во функција се и пунктовите во Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга. 

Од Министерството апелираат до граѓаните да одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.

„Граѓаните кои имаат симптоми на ковид-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите“, потсетуваат од Министерството.

До крајот на неделата, како што најави иминистерот Венко Филипче, почнуваат со работа и други пунктови низ државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе