Сонот на Тео стана јаве

Тео: Луѓе, ме направивте 100% посамостоен

Тој е голем борец, неговото име е Тео Богoевски и денес ја живее својата 27 пролет. Цели 11 години е неподвижен.

Од неодамна тој повторно може самостојно да функционира и да се „движи" со помош на новата електромоторна количка која благодарение на хуманоста на овој народ е набавена преку дистрибутерот на „Санрајс Медикал“ за Македонија, фирмата за ортопедски помагала "Бауерфеинд".

„Благодарејќи на сите прекрасни луѓе еве го и тој ден. По неполни 2 години седнав на неа. Не можам со зборови да Ви го опишам чувството, сѐ уште сум во шок. Значи, си подесувам позиција на нозе, грб, висина, се легнувам, поткачувам, не ме труцка веќе кога возам, можам да сменам положба да не се здрвувам по цел ден, качувам тротоари, спуштам стабилно, додека се возам во комбе е стабилна, менувам канали на ТВ, палам клима со џоистикот, луѓе ме напраивте 100% посамостален. Фала Ви за секоја порака, убава мисла, за секоја донација, за секоја љубов со која направивте да уживам во собирањето средства...Со цела рака Ве гушкам сите“ - напиша Тео на својот ФБ профил споделувајќи ја радоста.

Само еден миг од денот може да нѝ го промени животот....

До својата 16 -та година Тео бил подвижен без никакви проблеми, но кобниот скок во Охридското Езеро му ги одзема нозете и го прави потполно зависен од инвалидска количка и друго лице. Безмалку 2 години беа потребни да се соберат  средствата за да се набави најсоодветната количка за Тео според степенот на неговиот инвалидитет, потребите и можностите.   

Хуманоста повторно помогна уште еден млад живот да ги живее деновите поподносливо покрај големиот хендикеп, а производителот на количката „Санрајс Медикал" од Германија, преку своите дистрибутери од Македонија, компанијата „Бауерфеинд“,  му ја испорачаа истата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе