Вратени ингеренциите во образованието на Општина Гостивар

Таравари: Правдата може да доцни, но не заборава, почитуван „доценте“ поднеси си оставка

Управниот суд ја уважи жалбата на Општина Гостивар за одземање на ингеренциите во образованието од страна на Министерството за образование. Од МОН информираат дека пресудата на Управниот суд била донесена поради тоа што од страна на МОН не е доставена целокупната документација во врска со овој случај, како и поради нечитливост на дел од доставените списи.

Арбен Таравари и Арбр Адеми

Но, според МОН, донесената пресуда не значи дека судот потврдува дека општината постапувала законски кога разрешувала и именувала директори на училишта, ниту пак значи дека Министерството за образование и наука не постапило правилно со носењето на одлука за одземање на ингеренциите во тој дел.

„Врз основа на донесената пресуда на Управниот суд, Министерството за образование и наука има две опции, едната е да донесе повторно решение за одземање на ингеренциите на општината и втората, да ја обжали пресудата до Виш управен суд.

Министерството за образование и наука одлучи да ја искористи втората правна можност и информираме дека веќе е покрената постапка пред Вишиот управен суд, за што е доставена целокупната документација со која Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за одлучување во постапка од работен однос во втор степен констатираат низа незаконитости во работењето на општината и врз основа на која е досега постапувано во овој случај“.

По објавувањето на пресудата од Управниот суд се огласи и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој на неговиот Фејсбук профил напиша „Правдата може да доцни, но не заборава“.

„Сега секој ученик, родител, граѓанин, вклучително и партиските војници на ДУИ, сфаќаат дека оние кои го зедоа на врат образувањето и воспитувањето на младите генерации во нашата општина, имаат име, презиме и адреса.

Министерот за ‘ингеренции‘ и ‘докторот за правни науки‘, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на Општина Гостивар.
Почитуван ‘доценте‘, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе