Помош во битката со коронавирусот

СЗО донираше медицинска опрема на Клиниката за неврологија

Претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила, денеска за Клиниката за неврологија достави поголема донација на медицинска опрема испратена од СЗО - 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите - пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации; 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри. Донацијата е во висина од над 2,5 милиони денари.

Д-р Тавила упати благодарност на луѓето кои се на првата борбена линија со вирусот, како што ги нарече „нашите херои" - здравствените работници - кои деноноќно нè чуваат и работат во служба на нашите заедници.

„Во изминативе 12 месеци се промени текот на историјата, а сè уште не знаеме кога сето ова ќе заврши.Сакам да им честитам на целата Влада и на министерот за здравство д-р Филипче за вложувањето на сите можни напори и ресурси (човечки и финансиски), како и за покажаната енергија и добра волја за ставање под контрола на кризата предизвикана од ковид-19. Денешнава донација од СЗО е дел од пакетот на поддршка што СЗО оваа година ѝ ја обезбеди на Северна Македонија за зголемување на безбедноста на пациентите и здравствените работници и за подобрување на лекувањето на болните од ковид-19", рече д-р Тавила.

Министерот Филипче заблагодарувајќи се за донацијата рече дека ќе биде од голема помош за Клиниката.

„Оваа помош ќе биде од голема поддршка за Клиниката за неврологија. Опремата ќе се користи како за пациентите во ковид ценатрот, така и за пациентите од одделите на Клиниката, станува збор за тешки пацинети кај кои е потребно мониторирање на виталните функции. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе од почетокот на корона пандемијата", рече Филипче.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе