СВР Тетово: Портали пишуваат невистини дека ќе се врши контрола во домови

Тетовската полицијата го демантира текстот на тетовски интернет портал дека ќе се врши контрола на домови. Потенцираат дека контролите се согласно веќе познатите мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

„Секторот за внатрешни работи Тетово  ги отфрла како невистини информации објавени на некои медиуми, дека ќе се врши контрола низ домови, кои ги смета како шпекулации и лажни информации, кои имаат негативно влијание во ситуацијата во која се наоѓаме“, се наведува во соопштението на СВР Тетово.

Секторот врши контролни активности кои се насочени само кон целосно имплементирање на владините уредби, чија цел е да го спречува ширењето на ковид-19.

„Во овие активности, ќе се контролира користењето на заштита на лицето од страна на граѓаните на јавни места од отворен и затворен тип. Истотака интензивно ке се контролира почитувањето на работниот протокол на угостителските објекти, како и другите јавни објекти, додека на реоните каде е на сила полицискиот час, ќе се контролира согласно уредбата за ограничување на движењето“, се вели во дописот на тетовската полиција.

Воедно СВР Тетово повторно апелира до граѓаните да се придржуваат до владините  уредби, како и препораките на здравствените власти. 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе