Проблеми на крајот од учебната година

Свидетелства ќе добијат само полуматурантите и матурантите

Навреме свидетелствата ќе ги добијат учениците што завршија деветто одделение и матурантите бидејќи им се потребни за упис во средно училиште и за факултет. За другите ученици Бирото за развој на образованието дополнително ќе информира кога ќе бидат поделени свидетелствата. Неофицијално, според информациите на СОНК, станува збор за незавршен тендер или за проблем со тендерската постапка за печатење на свидетелствата и се очекува учениците свидетелствата да ги добијат до 31 август.

Училиштата се информирани само дека во вакви услови не може да се организира делење на свидетелствата, при што веројатно се мисли на пандемијата.

Во СОНК велат дека најверојатно станува проблем со тендерот за печатење на свидетелствата, што е во надлежност на Бирото за развој, имајќи предвид дека свидетелствата се бесплатни за учениците и затоа е потребна таа процедура.

Од СОНК додаваат дека овој проблем ќе создаде нов проблем - кога  наставниците во јули или во август ќе бидат на годишен одмор, од нив ќе биде барано да ги внесуваат оценките во електронскиот систем, за потоа да бидат испечатени свидетелствата.

Сојузот на средношколци реагира дека не се објаснети причините за проблемот со свидетелствата и потсетуваат дека иако тие се бесплатни, во некои училишта од децата биле барани пари за нивно издавање. Сојузот очекува веќе утре да биде завршен извештајот на Државниот просветен инспекторат за наплаќањето на свидетелствата.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе