Светско првенство во знаење во средното училиште „Јахја Кемал“

Светско првенство во знаење што поврзува над 20.000 ученици од 50 земји ширум светот со цел да се инспирираат младите луѓе на љубовта кон учењето и постигнување на нови особини и чувства ќе се одржи денеска и утре во приватното средно училиште „Јахја Кемал" во Скопје.

Учениците, како што информираат од училиштето, ќе учествуваат во четири дисциплини: дебата, тимско пишување, ученички предизвик и пламениот пехар на учениците. Учениците истражуваат различни теми поврзани со историјата, науката, литературата, културата и технологијата.

Од училиштето наведуваат дека денеска ќе учествуваат 519 ученици од основните и средните училишта од Скопје, Велес, Тетово, Струмица, Струга, Гостивар и други општини.

Домаќин на последниот дел на локалната рунда од Светското првенство во знаење и доделување награди утре ќе биде Домот на АРМ.

Во натпреварот на знаење, што ќе се одржи на англиски јазик ќе учествуваат 519 пријавени ученици, се наведува во соопштението од училиштето. 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе