Здружение „Заедно посилни“

Светски ден на борба против сида: фокусот на ковид-19 не смее да го намали справувањето со ХИВ

Епидемијата на ХИВ сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, а интензивниот фокус на пандемијата на ковид-19 не смее да ги намали напорите за справување со неа, порачува Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден на борба против сида.

Како што велат од Здружението, во согласност со насоките на Светската здравствена организација, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

Од Здружението се загрижени поради фактот дека годинава е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Според Здружението, тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари.

„Неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ кои го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве три години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година“, додаваат од Здружението и изразуваат почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон ковид-19.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе