Студентите можат да конкурираат за блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

По пуштањето во употреба на реновираните блокови В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока, а пријавувањето што почна вчера ќе трае до 24 февруари.

Во блоковите В и Г, како што стои во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се 408 легла. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.

Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е најголемиот студентски дом во државата. Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиони евра и тоа 2,3 милиони евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.

Покрај реновираните соби за сместување на студентите, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.

Инаку, со комплетното реновирање на домот „Гоце Делчев“, во него ќе може да се сместат околу 1.200 студенти или 30 проценти од капацитетот што го има Студентскиот центар.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе