Потпишан меморандум за соработка

Студентите ќе добијат попуст за курсеви по компјутери, маркетинг и дизајн

Студентите во четирите студенски домови во Скопје ќе имаат попуст за обуки и курсеви од областа на компјутерската технологија, маркетингот, дизајнот и бизнисот.

Од Државниот студенски дом – Скопје денеска информираа дека со потпишување на меморандум за соработка со четирите академии за неформално образование „Семос", „Сивус Едукативен и Развоен Центар" (СЕДЦ), „Брејнстер" и „Креатив Хаб" обезбедени се до 30 проценти попуст.

Наша заложба како институција е секогаш кога можеме да им овозможиме на студентите дополнителни придобивки и се стремиме тоа да биде тоа во насока на нивна едукација и професионална надградба, вели Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом.

Повеќе информации може да се најдат на линкот https://dsdskopje.mk/edukacija-za-studenti/?fbclid=IwAR3L2pILgn9FBgJTUtr...

Во академиите „Семос" и „Сеавус", студентите можат да посетуваат обуки и курсеви за програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и тестирање на софтвер, а „Брејнстер" овозможува стекнување на практични вештини при организирање курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетинг, дизајн, бизнис и програмирање. Во „Креатив Хаб" студентите ќе имаат можност да се стекнат со вештини од областа на маркетингот и односи со јавност, графички дизајн, веб дизајн, човечки ресурси итн.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе