Струмичката болница се полни со ковид-пациенти, во Тетово состојбата се подобрува

Во струмичката болница се лекуваат 39 пациенти заболени од ковид-19, а од нив 20 се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта, објави МИА, пренесувајќи изјава на директорката, д-р Катерина Кузмановска.

Според неа, секојдневно расте бројот на заболени и сѐ поголем е бројот на граѓани кои бараат помош од лекарите.

„Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение 14 се на кислородна поддршка, а дури 90 отсто од нив се невакцинирани. Кај нив има тешка клиничка слика и за разлика од порано, за лекување се јавуваат помлади лица, што за нас е показател дека вирусот сега полесно ги напаѓа нив“, вели Кузмановска.

Таа додава дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла.

Од друга страна, пак, ковид-центарот во тетовската болница утрово во седум часот бележи стабилизирање на состојбата со оглед дека има помалку примени и починати луѓе. Во болница на лекување задржани се 11 луѓе, а вчера имаше 18 лица. Шестмина пациенти се пуштени на домашно лекување. Починати се тројца пациенти, за разлика од вчера кога имаше девет смртни случаи.

„Има тројца починати пациенти, а 11 нови примени на болничко лекување, додека шест лица се пуштени дома. Вкупно хоспитализирано има 125 лица од кои 12 имале една доза вакцина, а петмина се вакцинирале со двете дози. На кислородна поддршка се 121 пациент“, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот ковид-центар.

 

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе