Комисија за заразни болести

Странците и натаму ќе транзитираат низ земјава без ПЦР тестови

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, како што соопшти Министерството за здравство, се разговарало и за воведување на ПЦР тестови за граѓаните од ризичните земји кои транзитираат низ нашата земја, но таква одлука не е донесена.

Од Комисијата велат дека ќе продолжат  будно да ја следат ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.

Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.

Прашањето за ПЦР тестови за оние кои транзитираат низ земјава се отвори по случајот со авионот од Скопје за Финска, во кој од вкупно 157 патници 24 биле позитивни на ковид-19. Најголем дел од патниците во авионот - 95 биле со косовски пасош, 60 со фински, а двајца со македонски пасош. 

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе