„Функционираме со минимални плати“

Стоматолозите бараат поскапување на специјалистичките услуги, сегашните цени се нереални

Зголемување на цените на специјалистичко-стоматолошките услуги, буџетот да соодвествува со големината на тимот, предвидениот месечен буџет да се состои од загарантиран фиксен дел пресметан по дадените услуги, коригирање на правилниците за работа во специјалистичка – стоматолошка дејност, проширување на пакетите на специјалистички услуги, нови партнерски договори со Фондот за здравствено осигурување (Ф.З.О) со коректни и реципрочни обврски со двете договорени страни, како и овозможување на лекарот специјалист да извршува дејност од својата специјалност на ниво на целата територија на државата, можност за конзилијарно решавање и спроведување на дијагностички принципи што е од особен интерес на пациентите – осигурениците.

Ова се барањата на Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија, кои денеска јавно се обратија до надлежните институции (Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување) и осигурениците.

„Бараме зголемување на цените на специјалистичко – стоматолошките услуги, кои не соодветствуваат со зголемените материјални трошоци. Тоа влијае врз изборот на квалитетни материјали и влијае на квалитетот, резултатот и ефикасноста на пружената терапија кон пациентите, односно осигурениците“, порача денеска д-р Сузана Антовска.

Таа вели дека поради нереалните цени на услугите што ги даваат функционираат со плати во висина на минималната плата во државава и се наоѓаат во ситуација секој месец да се борат за опстанок на нивните ординации.

Антовска се надева дека овие барања ќе бидат прифатени од министерот за здравство и директорите на ФЗО најдоцна до 10 декември годинава.

„Како приватни здравствени установи сме дел од здравствениот систем во државава и активно придонесуваме во квалитетот на оралното здравје на сите граѓани. Затоа бараме од министерот за здравство и ФЗО да ги прифатат и имплементираат нашите барања и да добиеме позитивен одговор најдоцна до 10 декември 2019 година“, рече Антовска, додавајќи дека доколку не се случи такво нешто ќе бидат приморани да излезат на генерален штрајк, поради тоа што им претстои потпишување договори кои треба да важат од 1 јануари 2020 година.

Џевит Алиу од Кичево од Здружение на забни техничари концесионери вели дека во државава треба да постои единствена и реална цена за изработка на забопротетски помагала или ортодонски апарати.

„Нашите барања се да има единствени цени во државата, реални цени и да не бидеме оставени за на слободен пазар да се пазариме со докторите. Некои плаќаат повеќе, некои помалку. Не можеме под овие услови, со овие цени да опстанеме. Реални цени би биле според нас негде околу 6.000 денари пар тотални протези за изработка и околу 3000 денари едно ортодонско апаратче“, вели Алиу.

Го пренесуваме во целост соопштението на Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија:

„Се обраќаме во името на сите 200 тимови од специјалистичка стоматолошка дејност со склучени договори со ФЗО, воедно и со поддршка од Стоматолошката комора, дека поради нереалната цена на услугите што ги даваме, функционираме со плати во висина речиси на минималните во државата, и се наоѓаме во ситуација секој месец да се бориме за опстанок на нашите ординации. 

Поради тоа имаме итни барања, за кои очекуваме да бидат прифатени од министерот за здравство и директорите на Фондот за здравствено осигурување најдоцна до 10 декември. 

Бараме:

1. Зголемување на цената на специјалистичките стоматолошки услуги, кои не соодветствуваат на зголемените материјални трошоци. Цените на услугите не се зголемени повеќе од 15 години. Тоа влијае на изборот и квалитетот на материјалите  кои се користат, што пак влијае на квалитетот, резултатот и ефектот на дадената терапија кон пациентите, односно осигурениците.

2. Буџетот на нашите здравствени установи, кој го одредува ФЗО, да соодветствува на големината на тимот, што значи: да се зголеми вреднувањето на трудот на тимот доктор-сестра-забен техничар.

3. Предвидениот месечен буџет да се состои од загарантиран фиксен дел и варијабилен дел пресметан според  дадените услуги.

Фиксниот дел е аналоген на загарантираната месечна сума која како капитација ја добиваат матичните стоматолози и лекари во нашата држава. Со тоа ќе се обезбеди минимална финансиска сигурност на вработените од тимот во периоди,  на пример, на боледување, породилно отсуство и слично на докторот, кога целиот тим останува без никаков надоместок.

4. Коригирање на правилниците за работа во специјалистичка стоматолошка дејност. Веќе рековме дека цените на специјалистичко стоматолошките услуги не соодветствуваат со реалната ситуација. Референтните цени дадени од ФЗО по кои работиме се дадени паушално, без да биде изработена и применета методологија и  номенклатура за дадените услуги, како што е случај со останатите медицински дејности.

Новото и прво покачување на лимитите на установите го поздравуваме, но со тоа само се зголемуваат нашите трошоци, според сегашната ценовна регулатива.

5. Проширување на пакетите за работа со оглед на тоа што постојните пакети се застарени и не соодветствуваат на новите сознанија и потреби во стоматологијата.  

6.  Да имаме партнерски односи со ФЗО со коректни и реципрочни обврски од двете договорни страни. 

7. Овозможување на лекарот - специјалист да обавува дејност од својата специјалност на ниво на целата држава, со можност за конзилијарно решавање и спроведување дијагностички принципи, што е од особен интерес на пациентите–осигуреници.

Како приватни здравствени  установи,  дел сме од здравствениот систем во државата и активно придонесуваме за оралното здравје на сите граѓани. Затоа бараме од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување да ги прифатат и имплементираат нашите барања и да добиеме позитивен одговор најдоцна до 10.12.2019 година.

Воедно го охрабруваме министерот за здравство доследно да ја примени неговата изјава за јавно – приватно партнерство, каде што сме дел и ние – стоматолозите специјалисти.

Почитувани, не дозволувајте интелектуалци, доктори специјалисти да ви шетаат по улици и протестираат, барајќи вреднување на својот труд. 

Стоматолози – специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија“

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе