Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија вели дека Македонија требаше само официјално да се обрати до српскиот претседател за да добие помош од Србија во вакцини. Но, тоа не беше сторено, како што и на кумановскиот градоначелник најверојатно некој му забрани да се обрати, па затоа нема ни помош, вели Стоилковиќ и препорача дека не е се изгубено и дека македонските власти само треба официјално да се обратат до српскиот претседател.
„Сега барем поучени од грешките од минатото ви препорачувам да престанете да глумите лудило и да се обратите јавно до српскиот претседател, да не посредувам и да не си играме глув телефон, и да побарате дел од вакцините кои Србија веќе ги поседува да ни ги отстапи за потребите на нашето население. Ќе ви биде одобрена помош во вакцините, знам што зборувам.
Не калкулирајте, постои население, загрижени граѓани, медицински персонал и уште некои категории граѓани, поточно на држава во целина да се почне со процесот на вакцинација, бидејки претпоставувам дека сте свесни што значи историското доцнење на вакцините во однос на непречено одвивање на елементарните функции на државата, општеството и здравјето на граѓаните“, напиша на својот фејсбук-профил Иван Стоилковиќ.