Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози

Штрајкот што за 6-ти овој месец го најави Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина е ставен во митување, откако денеска на средба со претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување било договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се стават на расправа.

„Во Министерството за здравство беше одржана средба помеѓу претставници на здружението, министерот за здравство и фондот за здравствено осигурување. Тема на средбата беа барањата на здружението кои се и причина за најавениот протест за 06 ноември 2019 година. На средбата беше едногласно договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се стават на расправа за што беше договорено формирање на работна група во која ќе земат учество претставници на здружението, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Стоматолошката комора“, информираат од Здружението.

Работната група започнува со работа од петок 8 ноември 2019 и со првични резултати од договарањето треба да излезе со соопштение до 15 декември 2019 година.

Од Здруженито информираат дека најавениот протест за 6 ноември 2019 година се става во мирување и најавуваат дека редовно ќе ги информира приватните доктори на дентална медицина за текот на разговорите и решенијата во работната група, како и за евентуална потреба од активирање на протестот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе