Српската Стопанска комора обезбедила 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од Македонија и регионот

Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, ќе обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од Северна Македонија, јавува МИА од Белград.

Претседателот на ПКС, Марко Чадеж, по средбата со министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојиќ, изјави дека викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово кои сакаат да се заштитат од ковид-19.

„Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да ја победиме оваа болест. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само на овој начин целиот регион може да оди напред“, вели Чадеж, кој е и претседател на УО на Коморискиот инвестициски форум за Западен Балкан.

Чадеж кажа дека постапката за имунизација на бизнисмените од регионот е крајно едноставна и потребно е само компаниите од регионот да контактираат со своите стопански комори, кои во координација со Српската стопанска комора ќе организираат вакцинација во Белград.

Црногорската министерка Боровиниќ Бојиќ ги повика бизнисмените во Црна Гора, особено угостителите поради претстојната туристичка сезона, да контактираат со Стопанската комора на Црна Гора со цел да организираат вакцинација.

Како што дознава МИА, Стопанската комора на Македонија во рамки на Коморскиот инвестициски форум и воспоставената соработка со Стопанската комора на Србија, обезбедила можност за вакцинирање на претставници од компаниите-членови на органите и телата на Комората, а бесплатното вакцинирање ќе биде во Ниш, на 27-28 март (сабота и недела) со вакцините на АстраЗенека.

 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе