Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија

Српските државјани два месеци летово нема да плаќаат патарини низ Македонија. Ова ќе важи од 15 јуни до 15 август, соопшти денес Министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче се заблагодарил за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.

Направен е и договор Институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија, за набавката на вакцините.

„Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот можеме да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани“, изјави Филипче по посетата на Институтот.

Овој нститут, нагласи министерот, е познат по својата експертиза и искуство и постои приближно 100 години.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе