МОН

Спорниот учебник по географија за втора година гимназија повлечен по 20 години употреба

Заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани на денешната прес-конференција информираше дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование, а решението го потпишала министерката Мила Царовска.

„Спорниот учебник се повлекува од настава. Во него имаше спорни содржини и содржини навредливи за Албанците. За жал, учениците со децении го користеа овој учебник. Учебникот беше користен со децении за ученици од втора година, и покрај тоа што Министерството за образование и наука го раководеле неколку министри Албанци. Им благодарам на Комисијата за донесената одлука и на мнистерката Царовска за соработката и зашто е слушнат гласот на стручните лица во врска со скандалот во учебникот по герографија. Ова е само првиот чекор во мојата мисија како заменик-министер и на движењето Беса, партијата на која ѝ припаѓам, во насока на коригирање на останатите училишни и универзитетски книги во земјава кои содржат невистини и материјали што поттикнуваат навреда и омраза кон сите групи, особено кон Албанците“, рече Шабани.  

Тој кажа дека комисијата била составена од членови од повеќе образовни институции и професори по географија од ПМФ, а нејзиниот претседателот бил од Институтот за географија. По повлекувањето на овој учебник, рече, средношколците ќе учат од дидактички материјали додека не се изработи нов и посочи дека ќе има целосна реформа на учебникарството и се подготвува нов закон за учебници.

Според него, повлекувањето на учебникот по географија е само првиот чекор во коригирањето на содржините од кои се образуваат учениците.

„Ќе се обидеме да ги отстраниме сите учебници кои содржат неточни и невистинити содржини. Подготвени сме да соработуваме со сите професори, наставници и стручни лица од образованието и науката, за нашите деца и новите генерации да добијат учебници и дидактички материјали со соодветна содржина“, рече Шабани.

Комисијата за давање на предлог за повлекување од употреба на учебник констатирала дека учебникот по географија за втора година гимназиско образование е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот биле нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на државава, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование. Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година.

Од Министерството за образование и наука соопштија дека во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, еден од клучните чекори е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование.

„Пропустите кои низ години се провлекуваат во повеќе учебници и материјали, со реформите ќе бидат целосно отстранети и системски решени. Новиот закон за дидактички материјали и учебници е веќе објавен на ЕНЕР и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците“, се вели во соопштението.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе