Министерство за здравство

Според последните податоци 76 нови заразени со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на заразени со ковид-19. Од нив во Скопје се 52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Фото: Роберт Атанасовски

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.  

Во ГОБ „8 септември“ почина една пациентка од Струга (56) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната: Скопје 928, активни 338, Куманово 469, активни 55, Дебар 51, Штип 104, активни 69, Прилеп 212, активни 30, Тетово 231, активни 86, Струга 84, активни 12, Велес 132, активни 29, Битола 28, активни 3, Охрид 23, активни 6, Кавадарци 5, Гостивар 29, активни 8, Гевгелија 4, Струмица 4, активни 2, Крива Паланка 6, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 38, активни 7, Пробиштип 3, активни 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Пехчево 3, Берово 1, Валандово 2, активни 1, Виница 3, активни 1, Делчево 1, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 2, активни 2, Кичево 3, активни 1, Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

 

Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128.  Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе