Владата пресече

Спасовски: Полицискиот час од 11 часот во недела до вторник до 5 часот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11 часот до вторник, до 5 часот.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд“, истакна Спасовски.

Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе