Спасовски не исклучува карантин за Куманово ако така одлучат епидемиолозите

Премиерот Оливер Спасовски пред седницата на Кризниот штаб на Куманово на која присуствува и тој, рече дека сите опции се отворени за тоа какви мерки ќе се донесат за кумановската општина. Ако епидемиолозите и стручната фела кажат дека 14-дневен карантин е мерка која ќе го спречи ширењето на коронавирусот во Куманово, Владата е спремна да ја донесе, иако самиот тој не е за најстроги блокади.

„Има повеќе барања од општинските штабови за спроведување на карантин. Одлуките ги носиме врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите. Сите мерки кои беа донесени се врз основа на тие препораки. Не сум многу приврзаник на најстроги блокади, зошто компарацијата Дебар и Куманово 9.000 и 120.000 жители не е иста, но ќе дискутираме и за овие прашања, за целосно 24-часовно затворање на Куманово. Ако тоа е мерка која ќе ја кажат епидемиолозите ќе ја донесеме и таа мерка. Одлуките ќе ги носиме на влада. Денес затоа сме тука, ќе разговараме, го имаме предвид и предлогот на Општинскиот кризен штаб за14-дневниот карантин за Куманово и ако тоа е најдобрата мерка тоа ќе го направиме“, рече Спасовски.

Во однос на барањето од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, да се зголеми бројот на медицински персонал, Спасовски рече дека во тек е и конкурс за прием на медицински персонал во тамошната болница.

„Ние веќе имаме донесено лекари, тие работат повеќе од две недели. И на Инфективното одделение е донесена одлука и веќе се вратени лекари кои што работат на Клиничкиот центар надвор од Куманово, да работат тука во градот. Конкурсите кои беа прекинати за прием на лекари и медицински персонал, дадена е насока да продолжат за да можат да се активираат. Денес се прави скрининг на сите вработени на кумановската болница, земени се околу 10 тестови за испитување. Имаме околу 800 вработени во болницата, од кои 44 се позитивни на коронавирусот“, додаде Спасовски.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе