Спасовски, Филипче, Османи и Димитриевски негативни на ковид-19

Премиерот Оливер Спасовски предмалку на својот фејсбук профил информира дека резултатот од тестот што го добил вечерва е негативен, и покажува дека тој не е носител на коронавирусот.

Согласно препораките на епидемиолозите, како што напишта премиерот, и понатаму ќе остане во изолација во домашни услови.

„Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите“, пишува Спасовски.

Тој уште една упати апел граѓаните секогаш да држат 2 метри физичка дистанца, да носат заштитни маски и да не се групираат.

„Останете дома ако не мора да излегувате. Да ги почитуваме мерките! Секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни. Ви благодарам за поддршката“!, пишува премиерот Спасовски на фејсбук.

Негативен на Ковид-19 е и министерот Венко Филипче.

Министерството за здравство информира дека резултатот од тестирањето за КОВИД-19 на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен.

Според проценката на епидемиолозите, министерот Филипче не беше во ризик, но сепак тој одлучи да остане во самоизолација.

„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена.

Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата и така ќе биде и во наредната недела.

Им благодарам на сите граѓани на поддршката и во оваа прилика уште еднаш потсетувам дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.

Почитувањето на мерките досега покажа резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба", изјави министерот Филипче.

И вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за ковид-19 и дека резултатот е негативен.

„По една недела изолација, првиот тест за ковид-19 е негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест", напиша вицепремиерот Османи.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски објави дека тој и неговото семејство вчера се тестирале во неколку лаборатории и сите резултати се негативни, па побара итно укинување на решението за самоизолација, за да продолжи во полн капацитет да ја предводи борбата со коронавирусот во општината што ја води.

Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој е позитивен на вирусот.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе