Постапки на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Сотирова-Бухова: Се водат вонредни надзори за секој случај на починат помлад пациент

За помладите пациенти кои ја за жал ја загубија битката со ковид-19 Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонредни инспекциски надзори, рече денеска на прес-конференција Иринка Бухоа - Сотирова, директорка на Инспекторатот. Иницирани се нови девете вонредни надзори, а за Надзорот во болницата во Битола рече дека бил завршен за 24 часа, а во Штип за 48 часа.

„Тоа е динамичен процес. Инспекциските надзори кои веќе се завршени, во истиот момент се иницира вонреден стручен надзор, кој го иницираме до Министерстсвото за здравство. Кога тоа ќе биде завршено јавноста ќе биде информирана или он нас или од Министерството, рече Бухова – Сотирова.

Таа информира дека Инспекторатот води девет нови вонредни инспекциски надзори.

За инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Битола, по поплаките дека болни пациенти примале инфузија во непосредна близина на починати лица од ковид-19, Бухова – Сотирова рече инспекцијата била завршена за 24 часа и дека со решение беше задолжена директорката на болницата да обезбеди соодветна просторија т.н. морга која ќе одговара на новонастанатите услови.
Прашана за протоколот на погребување на починатите од ковид-19, Бухова – Сотирова рече дека никогаш не било наведено дека тие мора да бидат погребувани во лимени сандаци. Според Законот за погребални услуги, кој е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, постапуваат други институции, а не Инспекторатот.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе