СОНК утре на седница ќе ги разгледува заклучоците на Владата

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува, велат од СОНК.

„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува,“ напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Владината прес-служба денеска соопшти дека Владата на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти. Притоа повикаа СОНК да го прифати ова покачување и, како што посочија, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе